Во прв ред

Пуштени влезниците за предновогодишниот концерт на “Љубојна”

Како што веќе пишувавме неодамна, познатата македонска група “Љубојна” ќе одржи голем предновогодишен концерт на 22-ри декември во Македонската опера и балет. Од тимот на “Љубојна” не известија дека веќе во продажба се пуштени влезниците за големиот предновогодишниот концерт насловен како “Љубојна unplugged”.

Влезниците можат да се купат на сите продажни места на kupikartizase низ Македонија, како и online на www.kupikartizase.com. Влезниците за Галерија лево и десно ќе чинат 700 денари, додека за Партер лево и десно ќе чинат 900 денари.

Можеби ќе ве интересира: