Нашите пријатели и соработници од Авалон продукција со задоволство Ви најавуваат дека на 1 февруари 2025 година, еден од најголемите уметници не само на овие простори, туку и ширум светот, Раде Шербеџија, заедно со својот оркестар „Западни колодвор“ ја носи својата магија во Скопје на еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија.
Шансониерот и актер со холивудска слава, Раде Шербеџија доаѓа во Скопје со проектот „Због тебе, због себе, због других“, со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“… и многу други, во присуство на неговиот оркестар „Западни колодвор“.
Оние кои што некогаш присуствувале, знаат дека неговите концерти секогаш завршуваат со бурна и емотивна разделба со публиката… поради тоа, долго и се паметат.

Влезниците се веќе пуштени во продажба од четврток (05.12) во 10 часот наутро онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk по следните цени и категории: 1.500 денари и Вип влезници 2.000 денари.
ВАЖНО: Ќе се одржи само еден, ексклузивен концерт.
