Во прв ред

Распишан конкурсот за јубелејното издание на “Бела ноќ”

Младинскиот културен центар и Град Скопје распишаа повик за учество на уметници што ќе бидат дел од манифестацијата “Бела ноќ”, што ќе се одржи на 4-ти октомври оваа година. Може да учествуваат автори од визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип, кибернетичка уметност), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб-дизајн, мода, дигитални креации), музика, филм и јавна уметност и урбани точки.

“Селекцијата на уметниците ќе биде направена од страна на организаторите. Уметниците ќе бидат избрани според приложените дела. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Притоа дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники”, соопшти Младинскиот културен центар. Уметниците треба да поднесат: биографија со лични податоци за уметникот или групата, фотографии, ДВД/ ЦД, скици и цртежи, промотивни материјали (доколку ги има): каталог, брошура, рецензии, осврти, пополнета и потпишана апликација, која може да се преземе од www.belanok.mk.

Апликациите заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени најдоцна до 1-ви јули 2014-та година, на адресите: Младински културен центар, со назнака: “За Бела ноќ 2014”, Кеј “Димитар Влахов” 15, 1000 Скопје, или на електронската адреса [email protected].

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: