Паркингот кај Аква паркот беше претесен да ги прими сите обожаватели на култниот рок-состав. Над 3000 обожаватели на бендот од цела Македонија, во еден глас ги пееа бројните хитови од четири децениската кариера на „Рибља чорба“. За безвременскиот карактер на нивната музика доволно зборува тоа што најбројни беа помладите генерации. Покрај добро познатите „Каде падне ноч“, „Авиону сломичу ти крила“, „Погледај дом свој анџеле“, на изненадување на бендот, публиката наизуст ги знаеше и песните од нивниот последен албум „Да тебе није“, кој речиси и воопшто да не е свирен на концерти. Она што веднаш се забележа, е за жал влошеното здравје на фронтменот Бора Ѓорѓевиќ. Но иако физички слаб, Бора приреди вистински рок спектакл.
По концертот во српски Крагуевац, претходната вечер, ова беа првите настапи на „Рибља чорба“ по пауза од година и половина. Истовремено и првите концерти без басистот Миша Алексиќ а со новиот басист Иван Станковиќ – Ивке. Бора не го заборави својот најдобар пријател Миша, па во негова чест наместо 1 минута молк, побара Скопје да му одаде почит со 1 минута аплауз.
И после 2 часа концерт, публиката не сакаше концертот да се заврши па со скандирање побара барем уште некоја нумера од богатиот репортар. Иако со последни сили, Бора ја испочитува својата публика и се врати на бис





