Во прв ред

И оваа година “Ромски бал” со ексклузивни гости од Србија

Музичкиот портал Музика24 од свои проверени извори, дознава дека на традиционалниот Ромски бал, кој што секоја година се одржува по повод празникот Василица, освен домашните ромски веќе докажани ѕвезди како ексклузивни гости се најавуваат познатите фолк легенди Муарем Сербезовски и Драган Којиќ – Кеба од Србија.

Освен богатата музичка програма за која што оваа година организаторот одлично се потрудил, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во изборот на “Мис на најубава Ромка”. Овогодинешната прослава ќе се случува во ресторанот “Мевче Палас”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: