Во прв ред

САФ, Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив на јубилејниот “Пиволенд 2017”

Почнувајќи од 2008-та година досега, на фестивалот настапиле големи имиња од светот на музиката кои оставија свој белег на “Пиволенд”: Stereo MC’s, Суперхикс, Есма, Психомодо Поп, Дубиоза Колектив, Kosheen, Забрањено пушење, Рамбо Амадеус, Ортодокс Селтс, Синтезис, Кирил Џајковски, Гоце Арнаудов, Ритам Нереда, Ареа, Фолтин, Филм, Мањифико и уште многу други. На овогодинешното јубилејно издание, посетителите ќе се забавуваат со Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе ги видиме и САФ. Интересен настап ќе понудат и девојките од Tribute to Beyonce, а за љубителите на фудбалот на 7-ми и 8-ми август подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера, како и пренос на фудбалскиот натпревар од Реал Мадрид- Манчестер.

Наскоро ќе биде објавена целосната програма, како и сите забавни активности кои ќе бидат дел од “Пиволенд 2017”. Фестивалот е под покровителство на градот Скопје и истиот традиционално ќе се одржи на Скопското Кале, оваа година од 7-ми до 12-ти август.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: