Српскиот поп-пејач Саша Ковачевиќ синоќа имаше одличен концерт во градот под Марковите кули – Прилеп. Присутноста беше огромна, 4.200 карти беа продадени во еден миг. Концертот кој беше повеќе од одличен, траеше три ипол часа, а тој пак, на репертоарот ги испеа сите негови песни, хитовите на Бјело Дугме, Рибља Чорба, Аца Лукас… Вечерва Саша е во Гевгелија во ноќниот клуб De Facto” каде има свој концерт, а утре заминува за Грција каде ќе го снима спотот за неговата најнова песна на која текстописец е негов брат Раде Ковачевиќ.
Како што самиот тој изјави за Специјализираниот македонски музички портал Музика24, спотот ќе го работат околу 40-на луѓе, каде ќе има сцени снимени на јахта, сцени со девојки на плажа, сцени снимени со хилихоптер од Белград до Грција…
“Премногу ми е мило што сум во Македонија, односно во Прилеп и Ве има во толку голем број. Македонија ја сакам како земја и сакам почесто да сум тука”, изјави Саша Ковачевиќ за Музика24.



