Во прв ред

Сатира, музика и ѕвезди: „Апсолутна власт – апсолутна забава“ на 26 февруари во „Борис Трајковски“

Дваесет и деветтото издание на најомилената македонска манифестација, „Златна бубамара на популарноста“, ќе се одржи на 26 февруари во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, најавува тимот на радио Буба мара, организатор на настанот што со години е синоним за сатира, музика и бескомпромисна забава.

Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, „Златна бубамара“ ќе направи духовит, музички и сатиричен пресек на изминатата 2025 година, раскажана преку настапи, хумор и изненадувања од најпознатите уметници од Македонија, регионот и светот. Билетите за 29. издание беа пуштени во продажба 72 часа пред 2 јануари преку платформите МК Тикетс и Карти.мк, а од 3 јануари се достапни и „аналогно“ – во цвеќарницата „Розе Веро 2“. Од тимот на „Бубамара“ со препознатлив хумор порачуваат:
„Не возете брзо – побрзо купете карти!“

Како и секоја година, сценариото останува строго доверливо, а токму тајноста е дел од магијата што ја прави „Златна бубамара“ настан кој не се пропушта. На сцената ќе бидат наградени најпопуларните уметници и спортисти за 2025 година, а публиката може да очекува вечер полна со смеа, емоции и незаборавни моменти.

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: