Со идеја за организирање на фестивал на отворено вчеравчер во Демир Хисар беше одржан фестивал на електронска музика по втор пат. За разлика од минатата година организаторите направија мали измени со тоа што оваа година на почетокот публиката ја загреаа Revelation Band, а веднаш потоа се редеа DJ-те: Neox Gorst, KаtterFox, Sansan и познатиот битолски DJ K.Petrovsky.
За време на одржувањето на овој настан кафулињата не работеа, секој кој сакаше да ужива во добрата музика можеше да присустува на овој бесплатен настан на отворено и да се освежи со нешто од штандовите поставени на плоштадот “8-ми Септември” во Демир Хисар. Некои со сок некои со ладно пиво ја поминаа вечерта се до раните утрински часови, а љубители на електронската музика имаше од сите генерации. Присутните задоволни од организацијата и она што вечерта имаа можност да го слушнат од настапувачите. Фестивалот заврши три часа после полноќ.
Подготви: Јовица Пауноски
