Во прв ред

Сергеј Ќетковиќ се враќа во Охрид со концерт на Антички – на 9 август (Фото)

По минатогодишниот незаборавен концерт на истата сцена, Сергеј Ќетковиќ ова лето се враќа во Охрид, носејќи уште една вечер исполнета со емоции, музика и магична атмосфера. На 9 август 2026 година, со почеток во 20 часот, сцената на Антички театар во Охрид повторно ќе биде дом на најубавите балади под отворено небо.

Во организација на Евентум продукција, концертот е дел од актуелната турнеја Live Tour 2026, која ветува вечер исполнета со љубов, искрени емоции и безвременски хитови што публиката ги пее во еден глас. Песните како: „Погледи у тами”, „Нису ми дали да те волим”, „Љубав”, „На први поглед”, „Кофер”… ќе одекнат во амбиентот кој одамна стана синоним за врвни музички доживувања.

Познат по својата искреност и непосредност, Сергеј Ќетковиќ е артист кој не се штеди на сцена бидејќи комуницира со публиката, раскажува анегдоти, знае да се симне меѓу фановите, па дури и да танцува со нив, создавајќи атмосфера на блискост што ретко се доживува на концерти.

Минатогодишниот настап остави силен впечаток кај публиката, а очекувањата за ова лето се уште поголеми – уште повеќе емоции, уште посилна енергија и вечер која долго ќе се памети. Влезниците се веќе во продажба по цена од 1000 денари, и тоа преку мрежата на e-ticket.mk.

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од една од најубавите музички приказни ова лето што ќе се случат под ѕвезденото небо во Охрид.

Можеби ќе ве интересира: