Македонската музичка сцена оваа есен добива уште еден настан кој со сигурност ќе го привлече вниманието на љубителите на добрата музика. На 13 октомври, во свечениот амбиент на Македонската опера и балет во Скопје, Силви Бенд ќе одржи ексклузивен јубилеен концерт, придружуван од голем оркестар, подготвувајќи вечер исполнета со емоции, квалитетна музика и безвременски хитови.
Публиката ќе има можност повторно да ги слушне песните што со години се пеат во еден глас – „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“, „1762 лето“, како и многу други композиции кои оставија длабока трага на македонската музичка сцена. Но, концертот нема да биде само патување низ најголемите хитови. На сцената ќе оживеат и делови од „Митке“, најпознатата „Коштана“ на Балканот, романси и уште многу музички изненадувања кои ќе ја направат оваа концертна вечер навистина посебна.
Со препознатливата енергија, врвната музичка изведба и богатата продукција, Силви Бенд најавува концерт што ќе ги спои традицијата, емоцијата и современиот сценски израз во едно незаборавно музичко доживување. Особено значајно е што овој концертен проект е прогласен за проект од национален интерес за 2026 година од страна на Министерството за култура на Република Македонија, што претставува признание за неговото културно и уметничко значење.
Билетите се веќе пуштени во продажба и можат да се обезбедат онлајн преку kupikarta.com, како и во целата продажна мрежа низ Македонија.
Музичкиот портал Музика24.мк, како еден од официјалните медиумски покровители на јубилејниот концерт на Силви Бенд, во периодот што следува ќе ги информира своите читатели за сите најнови вести, ексклузивни содржини и интересни детали поврзани со подготовките за овој голем музички настан. Една вечер, многу емоции и музика која со децении ги обединува генерациите. Доколку сте љубители на квалитетната македонска музика, ова е концерт што едноставно не смее да остане пропуштен.
Текстот го подготви: Редакција Музика24
