Една од најценетите и најхаризматични соул пејачки на светската музичка сцена, Joss Stone, ќе настапи во Македонија. На 21 јули, публиката во Скопје ќе има ретка можност да ужива во нејзиниот голем open air концерт на Стадионот на АРМ, кој е дел од нејзината актуелна европска турнеја.
Светската кариера на Joss Stone започна во 2003 година со дебитантскиот албум “The Soul Sessions”, кој веднаш ја вивна меѓу најголемите музички откритија на својата генерација. Со моќниот вокал, препознатливиот спој на соул, ритам и блуз, како и впечатливите интерпретации, таа брзо стана миленичка на критиката и публиката, освојувајќи бројни престижни признанија, меѓу кои Grammy Award, Brit Award и номинација за Mercury Prize. Во текот на својата кариера соработуваше со некои од најголемите имиња во музичката индустрија, а нејзините концерти се препознатливи по исклучителната енергија, емотивната изведба и блиската комуникација со публиката.
Концертот во Скопје претставува едно од најзначајните музички случувања ова лето и единствена можност македонската публика во живо да ја слушне уметница која повеќе од две децении важи за едно од најавтентичните имиња на современата соул сцена.
Настанот ќе се одржи на 21 јули на Стадионот на АРМ, а влезниците веќе се пуштени во продажба преку avalonbooking.mk и продажната мрежа на karti.com.mk.
Текстот го подготви: Редакција Музика24
