Целиот регион тагува по легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, скопјани вечерва на платото пред Универзална сала ќе му оддадат последна почит на Балашевиќ.
„Денес со почеток во 19 часот да собереме пред неговата Универзална сала, и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда. Ве молиме, да ги почитувате протоколите и да држите дистанца“, се вели во описот на настанот споделен на социјалните мрежи.
Настанот е во организација на Ј.У. Универзална сала, а под покровителство на Град Скопје.
