Во прв ред

“Скопски улични музичари” наскоро на скопските улици

Под покровителство на Градот Скопје, Универзалната сала од Скопје организира манифестација наречена “Скопски улични музичари” која традиционално се одржува и оваа година. Овогодинешниот настан, за разлика од изминатите години, се збогатува со настапи на рок бендови. Скопјани и сите присутни во главниот град, во петок од 20.30 до 22.30 и сабота од 10 часот наутро до 12 часот попладне, ќе имаат привилегија и ретка можност да уживаат во музичката програма која ќе трае се до крајот на месец септември. Како што велат организаторите, целта е да се разбие летната викенд монотонија во градот и да се понуди едно поинакво богато музичко освежување за сите граѓани под отворено небо.

Започнувајќи од овој викенд 27-ми јуни, ќе стартуваат летните рок свирки кои чест да ги отвори ќе има бендот “Puzzle” на плоштадот Македонија со почеток во 20.30. Овој веќе препознатлив бенд може да се пофали со својата вокалистка Лена Заткоска која досега има настапувано на неколку еминентни познати македонски и балкански натпреварувања како што се “Макфест”, “Охрид фест” и “X Factor Adria”.

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 кој што е медиски партнер на Униерзаланата сала од Скопје, во идниот период ќе Ве известува за сите случувања поврзани со оваа манифестација, како и најави за настап на познати македонски и странски музички имиња.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: