На 21.06.2021 година со почеток во 21 часот, во салонот на Македонската опера и балет ќе биде изведен концерт на оркестарот на Македонската опера и балет „Од оркестарот за публиката – Опера без зборови“. Воедно претставува отворање на фестивалот „Скопско лето“.
Концертот опфаќа дела од П.Маскањи, М.Мусоргски, Џ.Пучини, П.И.Чајковски – Р.Леонкавало, Ш.Гуно, В.Белини и Џ.Верди. Диригенти се: Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број.
