Во прв ред

Среќен празник Македонијо и на сите вас македонци – каде и да сте!

Денес е 8-ми септември, Денот на независноста на нашата Македонија. 22 години труд, работа, борба, љубов, заложба за она што го имаме денес. По тој повод, вечерва на новиот плоштад “Карпошово востание” во центарот на главниот град Скопје со почеток во 20.30 ќе се одржи голем музички спектакл, голем музички концерт со кој ќе го одбележиме нашето 22 годишно постоење. На концертот ќе настапат познати наши македонски изведувачи како што е Каролина Гочева која ќе настапи со својот бенд, групата Суперхикс, а веднаш потоа ќе настапи и познатата албанска пејачка Аделина Тахири.

“Ќе биде поп-рок концерт на новиот плоштад кај споменикот на Филип Втори. Еден час ќе настапува Каролина Гочева со бендот, потоа Суперхикс, па Аделина, а ќе има и диџеј. Ќе има спектакуларен огномет и некои други изненадувања”, изјави Дејан Пројковски за порталот Курир.

Музичкиот портал Музика24 ги повикува сите граѓани вечерва масовно да излезат на плоштадот “Карпошово востание”, заедно и сплотено да го одбележиме големиот ден. Да прославиме достоинствено, “Нашето единство, наша победа”. Уживајте во денешниот празничен ден!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: