Во прв ред

Стенд Ап шоуто со познатиот македонски актер – Сашо Тасевски на 20-ти декември во Милениум (Фото)

Поради трагедијата која се случи кон почетокот на месец декември, како и многу настани, логично беше да се одложи и долго најавуваното и очекувано Стенд Ап шоу со познатиот македонски актер – Сашо Тасевски, кое беше најавено за 6-ти декември.

Организаторите на овој настан со задоволство ве покануваат во Градското Кино Милениум на 20-ти декември, за крајот на оваа година на новото, реформирано и абдејтувано Стенд Ап шоу со Сашо Тасевски. Ова шоу ќе биде досега невидена урнебесна комедија со комплетна вистина.

Билетите се веќе во продажба на билетарата на Градското Кино Милениум, а истите можете да ги набавите и преку нивниот сајт: kinomilenium.mk, каде што можете on-line да ги купите по цена од само 300 денари. И не заборавајте! Доколку сакате одлично помината вечер со многу смеа и позитивно расположение, 20-ти декември е денот со почеток во 20ч и 30 мин.

За резервации контактирајте го телефонскиот број: 071/271-296 после 16 часот, или истото можете да го направите преку e-mail: [email protected].

Се гледаме во Милениум на стенд ап кај Сашо Тасевски!

Можеби ќе ве интересира: