Штипјани паметат како летото помина во знакот на “Summer Beach Festival” одржан во Angels cafe. Времето беше врнежливо, но тоа не беше причина да се остане дома. Иако мокри и накиснати сите се забавуваа до раните утрински часови. Една слика доловена од тогашната атмосфера сеуште вреди повеќе од илјада зборови. Организаторите не запираат тука, напротив, овој викенд најавуваат нешто спектакуларно. DJ Latin Prince од Лос Анџелес, САД, гостинот кој не го заборава Штип како локација во неговите планирани турнеи и во чии раце ќе бидеме целосно препуштени во петок (04.01. 2013). Како подршка и домаќин – DJ Mawrteen.
Во сабота (05.01.2013) со своето присуство ќе не почести преубавата Loco Baby од Белград, Србија. За загревањето на атмосферата во тоа зимско лудило, единствен виновник, можеме да го наречеме DJ Nennat. Кога е веќе “Winter Party – Let it snow!”.
Ве покануваме сите да се забавувате на Вашиот омилен подиум,бидете дел и не дозволувајте да Ви раскажуваат… Локација: Angels cafe- Мост до новото урбано живеење во Штип
П.С. Посебна благодарност до Иван Крстевски кој ни овозможи да бидеме дел и ексклузивно да го имаме правото за допис од местото на настанот.
За Музика24 од Штип: Сања Неткова
