Во прв ред

Светско, а сепак наше – Аква Парк Пробиштип

Размислувате каде ќе се разладувате за време на пеколните температури кои што не очекуваат? Размислувате каде би можеле покрај тоа и добро да се забавувате? Ние го имаме одговорот, а тоа е Аква Парк Пробиштип. Организаторот на оваа трета сезона најави нешто навистина атрактивно, нешто светско, а сепак наше. Разговаравме со еден од менаџерите. Еве што дознавме од изјавата на менаџерот Дарко Петров.

“Секој треба барем еднаш во својот живот да ја почувствува атмосферата на љубов, среќа, другарување, музика и одлична забава, а сето тоа го нудиме ние и третата сезона на Аква Парк Пробиштип. Е сега, што конкретно имаме да понудиме. Нудиме неколку вида на забави: Pool party, Hip-Hop, Rock Music Party, Reggea party, потоа секој петок имаме Chocolate Party. Исто така вреди да се споменат еднодневните екскурзии, водените лудории со Викса кои што ќе бидат емитувани на некоја од нашите телевизии, потоа штрумфовиот град, малата зоолошка градина како и теренот за одбојка на плажа. Поп музиката, исто така ќе биде дел од оваа трета сезона на Аква Паркот, а сето тоа благодарение на големиот број познати музички имиња кои ќе не забавуваат во текот на денот.

Нема да бидат изоставени и најдобрите диџеи од Македонија. Аква Паркот покрај тоа ви нуди и зумба фитнес, потоа, простор каде што ќе можете да се релаксирате благодарение на врвните масажери и прецизно избраните масажи. Исто така би сакал да напоменам со што друго располага Аква Паркот. Значи располага со традиционален ресторан во кој што ќе можете да ги вкусите најдобрите македонски јадења, потоа ресторан со домашно подготвена храна, секако и неколку барови со најразлични пијалаци и секако најдобрите тропски коктели. Аква Паркот располага и со следниве атракции: детски базен, базен со бранови, игралиште за деца, базен за пливање, мрзелива река, тобогани и сл. Располагаме и со сопствен паркинг простор, соблекувални, шкафови, тоалети итн. Да не заборавам, Аква Паркот се погрижи и за безбедноста на гостите со тоа што се обезбедени спасувачки екипи и прва помош”, изјави менаџерот Дарко Петров. Водени лудории со Викса?! Звучи навистина лудо? За што поточно станува збор?

“Да, водените лудории со Викса. Ќе се одржуваат секоја сабота. Претходно кажав дека истите ќе бидат емитувани на некоја од нашите телевизии. Поточно станува збор за некој вид на наградна игра, каде што натпреварувачите претходно ќе се пријавуваат, а Аква Паркот ќе се погрижи и за нивната безбедност за време на игрите. Ќе има неколку категории на натпреварувачи, неколку занимливи игри и секако занимливи награди. Ќе постои и одредено време за кое што натпреварувачот ќе треба да ги премине сите препреки и да стигне до целта. Оваа година водените лудории се случуваат за прв пат и веруваме дека ќе бидат доста успешни и занимливи за посетителите. На крај ми преостанува уште да ве поканам да дојдете во Пробиштип, да бидете дел од Волумен 3 и да ги почувствувате позитивните вибрации. Ние ви гарантираме одлична забава и многу уживање”, заврши менаџерот Дарко Петров.

И како што на почетокот веќе споменавме, Аква Парк Пробиштип, светско а сепак наше. Веруваме дека ви дадовме одговорот на прашањето, и дека веќе размислувате и со нетрпение очекувате да започне Волумен 3. Сега нас, а веруваме и вас ни преостанува уште да си го избереме костимот за капење и полека да се упатуваме накај Пробиштип.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: