Вечерва околу 20 часот започна долго најавуваниот хуманитерен концерт на Тајзи кој е со цел за собирање на финансиски средства за помош на Ивана Величковска. Домот на културата “Трајко Прокопиев” во Куманово речиси беше преполн, а билетите изнесуваа симболични 100 денари. Младата Ивана боледува од леукемија и своето лекување мора да го продолжи во Германија. Се надеваме дека собраните средства од вечерашниот хуманитарен концерт на Тајзи барам малку ќе придонесе да и се помогне на оваа млада девојка.
Сите Вие кои немавте можност од х причини да присуствувате на овој концерт, можете да помогнете со донирање на телефонските броеви Т-Мобиле: 143 144 и ВИП: 143 772 во било кое време од денот.
Подготви: Магдалена Атанасовска
