Во прв ред

“Таксират“ од 28 ноември до 07 декември во СЦ “Борис Трајковски“

Познатиот скопски фестивал “Таксират“ го најавува овогодинешното издание кое ќе се одржи од 28 ноември до 07 декември.  Оваа година фестивалот ќе се одржува во спортскиот центар “Борис Трајковски“.

Првото издание на “Таксират“ се одржа во 1999 година и од тогаш овој уникатен фестивал сè уште се одржува секоја година и сè уште има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје преку различни аспекти и пристапи на контра-културата. И покрај тоа што денес на сцената на “Таксират“ настапуваат големи светски и регионални музички ѕвезди, фестивалот сè уште успева да не премине во класичен комерцијален меинстрим настан и успева да го задржи својот оригинален имиџ со тоа што сè уште е цврсто заснован на темелите од своите почетоци односно идеалите и вербата во значењето на контра-културата.

На фестивалот во изминативе години настапија значајни музички имиња од земјава, регионот и пошироко. Помеѓу останатите и “Хладно пиво“, Кирил Џајковски,  “Хаустор“, “Лајбах“, Рамбо Амадеус, Едо Маајка, “Дисциплина Кичме“, Неле Карајлиќ итн.

 

Можеби ќе ве интересира: