Во сабота, 14-ти декември ќе се случува 15-то по ред издание на македонскиот фестивал “Таксират”.
“Петнаесет години по ред, Скопје во декември го снаоѓа нов “Таксират”. Наш “таксират” е повторно да славиме во име на музиката. Имаме голема чест и задоволство да најавиме дека пред нас е јубилејното петнаесетгодишно издание на фестивалот во кој влегуваме со уште поголеми очекувања од претходно”, велат организаторите.
Годинешното мото под кое ќе се одржува фестивалот е “Stay Tuned”. Имињата на учесниците и новитетите на фестивалот за годинава, организаторите ќе ги најават во текот на наредните недели.
Подготви: Катерина Димиќ
