Момците од „The Backdoor Band“ ќе ја загреваат атмосферата пред настапот на „Рибља чорба“, оваа недела. „The Backdoor Band“ од Охрид постојат од 2010-та година, а настапуваат во состав: Жарко Јакимоски (вокал и бас гитара), Лазе Фармакоски (гитара) и Никола Колушевски (тапани).
Концертот на „Рибља чорба“ ќе се одржи во недела (27-ми јуни) на платото пред А1 арената во Скопје. Фронтменот Бора Ѓорѓевиќ со видео ја покани македонската публика на концерт.
