Во прв ред

Тони Цетински ќе одржи концерт во Хераклеа

Хрватската поп-ѕвезда Тони Цетински во рамки на турнејата „Само љубав“ ќе одржи неколку концерти во Македонија. Првиот закажан концерт е на 19-ти август во античкиот театар на Хераклеа во Битола.

Цетински минатиот месец најави дека после една и пол година, во јули и август заминува на турнеја низ Хрватска, Словенија, Црна Гора, Србија и Македонија. Наскоро се очекува датум и за концерт во Охрид.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба следниот месец на kupikarti.com.

Можеби ќе ве интересира: