Во прв ред

“Тото“ ќе одржат голем концерт во Скопје

Aмериканскиoт бенд “Тото” за првпат ќе одржи концерт во Скопје во рамките на јубилејната турнеја по повод 40 години постоење, на 5-ти март 2018-та година во ВИП арената “Борис Трајковски”. Тие ќе одржат голема светска турнеја која опфаќа 40 земји насловена “40 Trips Around The Sun” со која одбележуваат четиридецениска работа.

Инаку, “Тото” ќе промовираат нов албум во февруари идната година. Продажбата на влезниците е веќе започната и истата се одвива преку продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: