Во прв ред

Уште 2 дена до најголемиот рок концерт ова лето во Битола !

Уште два дена не делат до најголемиот рок спектакл ова во лето во Битола. Како што сите знаат, култниот босански хард рок состав „Дивље јагоде“ во среда (21.07) ќе одржи концерт на Ракометното игралиште во Битола. Најголемите хитови на бендот ќе ги изведат вокалите Тони Јанковиќ и Ливио Берак, тапанарот Емил Крањиќ, Испан Андраш – бас-гитара, Дамјан Деуриќ – клавијатури, Теодора Влаховиќ како придружен вокал а се разбира предводени од легендарниот Сеад Липовача – Зеле.

Вратите за публиката се отвораат во 20 часот, а атмосферата од 20.15 до почетокот на концертот ќе ја загреваат охриѓаните „French olives“ со нивниот фронтмен Александар Јосифовски. Тие спремија одличен репертоар за загревање па затоа бидете на Ракометно еден час порано.

Не пропуштајте да ги чуете познатите: „Мотори“, „Кап по кап“, „Једина моја“, „Криво је море“ и десетици други нумери кои оставија неизбришлив траг на неколку генерации. Не дозволувајте да Ви прераскажуваат и побрзајте да купите влезници на mktickets.mk или на продажните места во Битола и Прилеп.

Можеби ќе ве интересира: