Во прв ред

Уште еден месец до големиот концерт на STING во Скопје (Фото)

Во рамките на големата светска турнеја “57th & 9th” по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври во арената “Борис Трајковски” во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња- STING. STING заедно со The Rolling Stones, Bruce Springsteen, U2, Depeche Mode, Coldplay… е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.

STING е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти. Дел од летото му е резервирано за Европа, а на почетокот на септември настапува во Јужна Америка, додека во Европа повторно се враќа со серија на концерти од средината на септември до крајот на октомври. На оваа турнеја, STING свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: “Fragile”, “Desert Rose”, “Fields of Gold”… како и од времето на легендарната група The Police: “Message in the bottle”, “Walking on the moon”, “Every breath you take… и многу други. Lineup-от на неговиот придружен состав е како и секогаш со најпознати и најквалитетни светски музичари: Dominic Miller (гитара), Josh Freese (тапани), Rufus Miller (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на STING, ќе настапи и Joe Sumner.

Инаку, Авалон продукција го потврди концертот на STING во Скопје на 05-ти мај, но не сите имаа можност да набават билети на 2-ри јуни кога беа и официјално пуштени во продажба билетите за веќе најавениот и долго очекуван концерт на светски познат музичар STING. За точно еден месец, односно на 15-ти октомври арената “Борис Трајковски” ќе биде премала да ги собере сите фанови и сите оние кои го почитуваат, сакаат и ја слушаат музиката на овој познат светски музичар, пејач и композитор.

Од најдобрата македонска продукција според нас, Авалон продукција велат дека STING како и на целата светска турнеја, така и во Скопје, доаѓа со комплетно сопствена продукција, што значи дека звукот, светлото и видеото во Скопје ќе бидат истите како и низ целиот свет. Тие истакнуваат дека салата во арената “Борис Трајковски”, после изработката на акустиката (пред околу 4 години), ги има сите услови за овој тип на концерти на ниво на било која сала во регионот и во Европа.

Па сите вие кои бевте брзи и имавте привилегија да набавите билет за вас и вашите блиски, само еден месец ве двои од големото задоволство, од концертот за кој веруваме долго ќе се зборува, ќе се памети и прераскажува.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: