Овој интернационален „Ден на независните музичките продавници“ во светски рамки се
одржува од 2007, а овде во Македонија, таа убава традиција годинава ќе ја организираме по
петти пат. Ние започнавме во 2017 година. Следејќи го генералниот концепт на прославата и “Record Store Day Macedonia 2022” има свој “Ambassador”, промотер на овој настан. Оваа чест, во светски рамки секогаш е наменета за музичари, кои со своите објави покажале несомнена почит и љубов кон физичките изданија (пред сѐ винилите) како доминантни носачи на звук и на овој или оној начин несебично го подржувале опстојувањето на малите музички продавници. Водејќи се од овие основни начела, честа да биде македонски Амабасадор на овогодишниот македонски Record Store Day, му ја доделуваме на Горан Трајкоски. Неговото име, во изминативе 40 години, се појавува испишано на 12 винилни изданија и на повеќе од 40 други формати (ЦД и касети), издадени во Македонија, Европа и светот. Тоа го прави еден од малкумината македонски музичари кои со своето творештво имаат оставено печат на 10 или повеќе музички изданија, објавени на винил (албуми, синглови или компилации).
Годинава, за првпат, овде локално во Македонија, ќе започнеме со доделување и на едно
специјално признание на пионерите на Македонската рок музика, луѓето кои го воведувале
винилот како медиум за траен запис на нивната музичка фасцинација. На овогодишниот
македонски Record Store Day, тоа признание го доделуваме на браќата
Зоран и Димитрија Павловски, Зоко и Денки, легендарните гитарист и басист на „ВИС
Безимени“ и „Република 903“.
2022” ќе биде одбележан и со промоција на две винилни изданија, кое за првпат се изготвени
како RSD Exclusive Release. Се работи за компилациите Macedonian Dark Wave 1985-1989 и
Macedonian New Wave 1979-1987 Vol.2. Обете објавени на LP формат во издание на Corpus
Delicti Records.
тој ден од 20 %, на сите странски винилни изданија. Истовремено ја користиме и можноста за повик кон сите македонски издавачи да изнесат делод своите изданија на продажба, на обезбедените пунктови на платото пред МКЦ. Доволно е само да се најавите.
