Во прв ред

Утре стартува 17-то издание на “Канеофест”

Како што не информираат организаторите на “Канеофест”, овој викенд, односно утре 30-ти јуни во градот Охрид ќе се одржи 17-то издание на овој надалеку познат музички фестивал. Оваа година локацијата каде ќе се одржува фестивалот ќе биде на новиот мини плоштад до Трговскиот центар “Амам” (наспроти Македонска пошта). Овој пат, во една фестивалска вечер ќе бидат изведени 20 новосоздадени македонски песни што поп, што фолк нови композиции.

Специјални гости во ревијалниот дел на фестивалот ќе бидат охридската група “Камелеон”, како и доаенот на македонската народна песна Наум Бурназ. Инаку и оваа година, како и изминатите години наназад, организатор на “Канеофест” е ТВ Морис од Охрид, со поддршка на Општина Охрид. Фестивалот започнува во 20 часот.

Подготви: Марија Поповска

 

Можеби ќе ве интересира: