Во прв ред

Вечер за паметење со “Нокаут” и пријателите (Фото+Видео)

Битола го прослави Денот на независноста со македонска музика. После 3 години од последниот концерт во Хераклеа, познатиот македонски бенд “Нокаут” вчера вечер предпразнично одржа концерт во античкиот театар на Хераклеа, а во организација на Сцена продукција. Момците од “Нокаут” за битолската публика ги изведоа бројните хитови од долгогодишната кариера кои публиката хорски ги пееше со Пере. Гости на “Нокауат” беа познатиот Игор Џамбазов и ветеранот на гитара, Венко Серафимов.

Покрај познатите нумери на “Нокаут”, огромен интерес публиката покажа за незаборанвиот музичар, актер и шоумен – Игор Џамбазов. Игор како долгогодишен пријател на “Нокаут” на задоволство на публиката со нив  изведе неколку познати песни, помеѓу кои и евергринот на Драган Каранфиловски – Бојс, “Опасно сум вљубен во тебе”, љубовна песна која му ја посвети на својата Илина, која пак целиот концерт го следеше од зад сцената. Кога сме кај Игор, освен Илина тој не ја заборави и сестра му Тања, која вчера го славеше својот 55-ти роденден.

https://www.instagram.com/p/CE2abeplLIj/

Изминатиов период Хераклеа доживува нова преродба и заедно со античкиот театар во Охрид стана топ локација за одржување концерти. Покрај водечките македонски продукции ова лето во улога на организатори се појавија и битолчаните Сцена продукција. Сцена продукција со вчерашниот концерт на “Нокаут” и оној на “Галија” од пред неколку дена, одржаа лекција за одлична организација со целосно почитување на протоколите.

За Битола да биде толку атрактивна локација за концерти покрај просторните можности, значително придонесе и Општина Битола со својата подршка без која битолчани немаше да ја имаат привилегијата да уживаат во десетина концерти ова лето. За пофалба е и подршката на општествено одговорните компании како “Адмирал“ и “Киро Дандаро“ кои заедно со уште десетина македонски компании ја подржаа музиката и културата и во овие кризни времиња и од здравствен и од економски поглед.

ФОТО: Стојан Стојаноски/2S Студио

За Музика24 од Битола: Филип Етмишовски

Фото и Видео: Музика24

Можеби ќе ве интересира: