Вечерва со почеток во 20 часот ќе стартува големиот веќе најавен live концерт на социјалната мрежа Фејсбук на младиот, симпатичен и позитивен поп пејач Симеон Коруноски. Тоа всушност ќе биде мини концерт кој ќе се емитува на профилот на Симеон, а посветен на сите негови фанови, млади и големи обожавателки. Речиси еден час ќе имате прилика и ретка привилегија да уживате во live изведбите на Симеон, каде ќе чуеме голем број на светски и македонски поп хитови.
Ова претставува прв концерт во реализација на културно-едукативниот центар “Креатив” од Скопје, кој што се наоѓа веднаш позади Тренд во населбата Аеродром. Воедно, освен на Фејсбук, доколку лично сакате да се дружите, да се запознаете и да се фотографирате со ова младо момче, можете и лично да бидете присутни на неговиот прв live концерт во “Креатив”. Ова и нема да биде единственото случување организирано од “Креатив”, тие во иднина планираат многу повеќе вакви дружења, средби и live концерти со млади и талентирани момци и девојки од Македонија.
И да не заборавиме, доколку вечерва немате што да правите појдете и лично присуствувајте на првиот live концерт на Симеон Коруноски кој што ќе се емитува на Фејсбук, а доколку од било која причина не сте во можност да присуствувате, тогаш слободно приклучетесе на неговиот прифил и погледнете го она што Симеон знае и умее да ви го понуди, добра песна, забава и одлично дружење. А тоа можете да го направите со кликнување на следниот линк: Live концерт на Симеон Коруноски.
Подготви: Христина Секуловска
