Музичкиот хепенинг “Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, вечерва по седми пат ќе се одржи во Скопје. Настанот, што традиционално се одржува во чест на последниот концерт на Тоше што беше одржан на Градскиот стадион во Скопје, ќе почне во 19.30 минути на плоштадот “Κарпошово Востание”, пρед Музејот на холоκаустот.
Од фан клубот на Тоше велат дека целта на настанот е “сите заедно да се присетиме на неговата музика и лик, но и да создадеме “ѕвездено небо” во негова чест, водени од максимата на Тоше: “За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”. Исто така, денеска во периодот oд 10 до 18 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција “Јас штотуку спасив живот, а вие?”.
Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска, на 16-ти октомври 2007-та година, на 26-годишна возраст. Најпознатиот македонски пејач беше и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена.
Подготви: Магдалена Атансовска
