Во прв ред

Вечерва во чест на Блажена Мајка Тереза, Дуке Бојаџиев ќе биде награден со статуетка за хуманост

Во спомен на Блажена Мајка Тереза на денот на упокојувањето на големата хуманистка и нобеловка за мир, вечерва со почеток во 19:30 ќе се одржи пригодна миса и чествување – врачување статуетки за хуманост “Мајка Тереза”. Мисата ќе ја води бискупот д-р Киро Стојанов. Ќе беседат проф. д-р Љупчо Ајдински и директорот на спомен домот на Мајка Тереза г-ѓа Рената Здравковска. Благодарниците на асоцијацијата “Скопјанката Мајка Тереза” ќе им бидат врачени на годинашните добитници: примариус д-р Јулијана Атанасовска, г-ѓа Трајанка Ќамиловска, г-ѓа Слободанка Лазова Здравковска, г-ѓа Теута Крашница-Чучкова и г-дин Дуке Бојаџиев, уметник од светски глас. На добитниците ќе им биде врачено и мултимедијално ЦД од новинарот, хуманист и публицист Стојан Тренчевски.

Музика24 чија главна цел е пред се информирање за музиката и луѓето кои се бават со неа, Ве информира за доделувањето на асоцијацијата која го наградува познатиот уметник од светски глас Дуке Бојаџиев, за смелото и непоколебливо чекорење по патот на успехот и создавањето на високи вредности, ширење на македонскиот, воедно и на космополитскиот дух и хумана мисија, преку врвната уметност што ја создава и шири низ сите меридијани.

Дуке Бојаџиев роден е во Скопје, потекнува од угледно и интелектуално семејство. Неговиот татко Тодор Бојаџиев е автор на антологиски дела во поп музиката. Дуке оди чекор понатаму- на престижен американски универзитет се стекнува со своето образование, соработува со светски признати и познати музичари, одржува концерт во најпестижниот њујоршки Карнеги хол, на охридскиот Антички театар, негова музика се најде на светската компилација “Буда бар”, прави музика за филмови со светски познати холивудски режисери, а последно ја направи музиката за филмот “До балчак” на Столе Попов. Соработува и со најдобрите македонски изведувачи и музичари.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: