Како што не информираат нашите пријатели и соработници од продукцијата Златен Заб, вечерва 8-ми мај со почеток од 20 часот во Јавна Соба (Public Room) во Скопје, ќе стартува комичната вечер на која ќе настапи популарниот и се повеќе баран актер од Куманово – познатиот Жарко Јовановиќ (познат по неговите имитации на познати личности како: Стево Пендаровски, Ѓорѓе Иванов, Ј.Б.-Тито, Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Никола Груевски, Александар Вучиќ, Стојанче Ангелов, Максим Димитриевски, Зоран Дамјановски-Циц, Ана Брнабиќ, Владимир Милчин, Кирил Поп Христов, Мето Јовановски, Сашко
Коцев, Раде Шербеџија, Васко Ефтов, Огнен Јанески, Златко Калински, Горан Пандев, Марко Маринковиќ-Слаткар, Марија Пијаманов-Плевнеш и др.) – без никакви претензии, навреди или омаловажување, со сета почит кон истите.

Овој млад и мошне талентиран актер кој со својата игра, хумористичен пристап и автентичен стил се повеќе ја освојува македонската публика.
Доколку сте во можност и сакате одлично помината вечер исполнета со хумор и смеа, сакате да заборавите барем за миг на вашите проблеми и да се опуштите и релаксирате, ова е токму тоа што вам ви е потребно. Не заборавајте, вечерва 8-ми мај, Јавна Соба (Public Room) со почеток во 20 часот.
Станд ап комедија со Жарко Јовановиќ!
