После голем временски период, прв настап на Камерниот Оркестар на Битола во прекрасната реновирана камерна сала на Офицерскиот Дом. Влезниците ќе се продаваат во понеделник (18.04) од 12:00ч. во Офицерскиот дом.
Настапуваат сопранот Биљана Јосифов, контратенорот Бојан Булатовиќ од Србија, Валентин Наумов и Владимир Цветковски на виолина.

