“Cittanova Blues Festival 2023” со гордост ви го најавува Влатко Стефановски Трио на овогодинешното фестивалско издание. Настапот на ова мошне познато и популарно македонско трио ќе се одржи на 1-ви јули 2023 година. Ова трио предводено од популарниот Влатко Стефановски, е познато по единствената спојка на македонската традиционална музика со модерниот џез и блуз. Триото го сочинуваат, Влатко Стефановски на гитара, Иван кукиќ на бас гитари и Јан Стефановски на бубњеви.
На овогодинешното издание на “Cittanova Blues Festival” обожавателите со нетрпение го очекуваат препознатливото музицирање и свирање на гитарата со која Стефановски создава вистинска уметност. Неговиот едноставен стил кој што тој го комбинира со џез, рок, блуз и традиционалната македонска музика, добри одлични пофални и позитивни критики од музичките експерти.
Инаку, второто издание на овој веќе препознатлив музички фестивал ќе се одржи од 26-ти јуни до 1-ви јули 2023 година во Новиград, каде што влезот за истиот е бесплатен.
После незаборавното прво издание на “Cittanova Blues Festival” со кој што Новиград се стави на светската мапа на џез и блуз фестивали, оваа година доаѓа уште еден поголем и подолг музички блуз спектакл. Новиград кон крајот на месец јуни станува џез и блуз град, со светски познати изведувачи од Канада, Америка, Велика Британија, Македонија, Хрватска… и со себе носи богата музичка програма.
Првиот headliner кој што веќе организаторите го најавија, Philip Sayce, моментално е еден од најдобрите електрични гитаристи на светот. Неизмерно талентиран гитарист и пејач со одличен рок/блуз стил на овогодишното музичко фестивалско издание ќе настапи на 30-ти јуни во склоб на европската турнеја со кој што тој ќе го претстави својот актуелен албум “Spirit Rising”.

Освен настапите на познатите светски и познати блуз и џез изведувачи на големата сцена на градскиот новоградски плоштад, концерти ќе се одржуваат и на други познати локации во текот на денот. Така ќе можете да уживата во утринското кафе со Blues Morning Coffee и рановечерните аперативи со Sunset Blues, а по концертот секоја вечер ќе се одржува jam session во паб 9 – деветка. Оваа година како новитет премиерно ќе се одржи blues challenge за бендови и изведувачи на почетокот на својата музичка кариера, проекција на блуз и џез документарци, презентација на музички инструменти, работилници, продажна изложба на рачно подготвени гаџети, а таканаречениот Blues Train ќе ве поведе по локалните винарии.
