За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, нашите соработници од Авалон продукција одлучија пред настапот на хедлајнерот на фестивалот “All you need is love 2018” Џибони, со свој целовечерен настап да го имаме и најголемиот балкански гитарист на сите времиња Влатко Стефановски заедно со своето трио.
Се разбира дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Џибони, но нашата заедничка желба беше истата вечер да уживате и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд.
Како што веќе знаете, влезниците се веќе пуштени во продажба, онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории:
- Партер – 700 денари
- Фан Пит – 1000 денари
- Silver Seats – 1000 денари
- Golden Seats – 1200 денари
- ВИП влезници – 2000 денари
