Од 18-ти до 20-ти мај, Битола ќе биде домаќин на првото издание на фестивалот “Џез фактори”. Главната програма ќе се одвива на терасата пред Oфицерскиот дом, оф – програмата и работилниците ќе се одвиваат во неколку угостителски објекти низ градот.
Фестивалот ќе се одржи во организација на џез музичарот и шефот на катедрата на џез студиии на универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, Сашо Поповски и Центарот за културна деконтаминација од Битола. Фестивалот ќе го отвори реномираниот џез музичар кој доаѓа од Барселона, Душан Јевтовиќ. Јефтовиќ ќе настапи со неговото трио во кое членуваат реномираниот Васил Хаџиманов, како и тапанарот од Израел кој живее во Лондон, Асаф Сиркиз.
На фестивалот покрај Јевтовиќ ќе настапат и “Сашо Поповски трио” и “Фирс”, како и легендата Тони Китановски за затворањето на фестивалот.
Подготви: Филип Етмишовски
