Во прв ред

Во недела во Универзална ќе се одржи “Blues & Soul” фестивал (Фото)

Во организација на Дирекцијата за култура и уметност, на 28-ми септември недела во Универзалната сала ќе се “Blues & Soul” фестивал. На овој фестивал ќе настапи едно од најголемите имиња на светската блуз сцена и редовен учесник на најреноминираните светски фестивали во САД и Европа, познатиот музичар Larry McCray. Неговиот динамичен сценски настап и виртуозност, комбинирано со извонредниот вокал е вистинската состојка, барана на секој фестивал во светот.

Роден во семејство на музичари. Со својот талент тој едноставно бил предодреден за музичка кариера која го донесе до самиот врв. Според него, во создавањето сопствен музички израз, најголемо влијание имале тројцата кралеви: B.B., Albert и Freddie, потоа Albert Collins, Elmore James и Magic Sam кои секој на свој начин оставија голема трага во блузот. Дискографскиот опус на Larry McCray содржи осум албуми, како и бројни снимки на кои тој се појавува како гостин на познати имиња, како на пример “Judgement Day: Songs Of Robert Johnson” (Otis Clay, Joanna Connor, Carl Weathersby, Billy Branch…) или албумот посветен на музиката на Bob Dylan: “This Ain’t No Tribute” (Alvin Youngblood Hart, Taj Mahal, Mavis Staples, Isaac Hayes, John Hammond…), потоа “All Blues’d Up-Songs Of Eric Clapton” (Buddy Guy, Bo Diddley, Otis Rush).

Blues festivalКако еден од своите врвови во кариерата тој го смета признанието на Orville Gibson Guitars за најдобар блуз гитарист во 2000-та година, кога беа номинирани гитаристи од калибарот на Jeff Beck, Eric Clapton… Често настапува во клубот “Legends” во Чикаго, чиј сопственик е неговиот добар пријател Buddy Guy, каде заедно настапуваат на задоволство на љубителите на блузот.

Деновиве се очекува да излезе неговиот најнов албум на кој како специјален гостин се појавува Derek Trucks (Allman Brothers), секако еден од најдобрите гитаристи на денешницата. Сето ова доволно зборува за тоа каков музичар ќе гостува во Скопје!

Подготви: Маргита Робевска

Можеби ќе ве интересира: