Во прв ред

Во пресрет на Денот на жената Владо Георгиев со голем солистички концерт во Скопје (Фото+Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, еден од најценетите и најомилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев, денеска официјално објави дека на 7-ми март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје, во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Концертот доаѓа по огромниот успех што Георгиев го забележа со два распродадени концерти во Белградска арена, а веднаш по третиот концерт во српската престолнина, македонската публика ќе има можност да ужива во таканаречениот „Господски“ концерт, кој ќе се одржи во пресрет на Денот на жената.

На публиката ѝ се подготвува единствена музичка приказна, која ги надминува рамките на класичниот концертен настап. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност ги прави настапите на Владо Георгиев доживување што се памети долго по последниот тон. Овој концептуален концерт носи враќање кон вистинската уметност – звук кој не им подлегнува на трендовите, туку му припаѓа на моментот, искреност во интерпретацијата и врвна изведба. Публиката може да очекува патување низ безвременските хитови, омилените балади, раскошна сценска продукција и атмосфера која создава чувство на блискост, интимност и заедништво.

Владо Георгиев летово, по подолга пауза, одржа и голем концерт во античката Хераклеја во Битола, кој беше дочекан со одлични реакции од публиката. Дополнително, неодамна тој објави и нова песна, специјално подготвена за концертите во Белградска арена, која премиерно беше изведена токму на тие настапи.

Скопје, на 7 март 2026, ќе биде домаќин на вечер исполнета со емоции, елеганција и музика што зборува директно до срцето – уште еден доказ зошто Владо Георгиев со години го носи статусот на вистински господин на балканската музичка сцена.

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: