Во прв ред

Во сабота 14-ти септември голем музички хепенинг во Скопје (Фото)

На 14-ти септември, Паркот на франкофонија повторно ќе биде во фокусот на културните збиднувања. Од општина Центар упатија покана до сите да бидат дел од центарската музичката приказна „Нешто што ќе остане”.

Оваа година, на бината под ведро небо, сценариото со своите гласови ќе го пишуваат FIC & D’INVISIBLES, Лара, Пајак, Таско и Лозано, а низ приказната ќе нè води незаменливиот Сашко Коцев.

„Музика за сите вкусови и генерации, изненадување за помладите, спомени за повозрасните. Македонско музичко доживување што полека ќе прерасне во традиција“, велат организаторите.

Музичкиот хепенинг започнува во 20 часот.

Можеби ќе ве интересира: