Во прв ред

Војаж – специјален музички гостин на музичкиот спектакл на Теа Таировиќ на 16-ти декември во Скопје (Фото)

Во текот на вчерашниот ден во спортската арена „Јане Сандански” во Скопје се одржа прес-конференција посветена на концертот на познатата балканска пејачка Теа Таировиќ. Таа со своето присуство ги угости македонските новинари, како и српските новинари кои организирано беа дојдени, учествуваа и беа дел од самиот прес.

„Можам да кажам дека сум емотивно врзана за Македонија, затоа што сум тука секогаш одлично дочекана. Знаете ли како во Македонија секогаш ме дочекуваат? Како да сум им роднина. Тоа навистина се гледа и се чувствува. Моите почетоци, првите настапи под името Теа Таировиќ беа меѓудругото и во Македонија. Конкретно, првиот настап го имав во Охрид, и навистина се сеќавам на многу детали од тој концерт. Потоа имав настап/концерт во Илинден кога излезе и мојата песна „Хајде”, така да секогаш кога ќе помислам на Македонија секогаш се потсетувам на убаво поминати денови и спомени”, изјави познатата пејачка Теа Таировиќ и меѓудругото додаде дека првото нешто што го прави кога ќе дојде во Македонија е да се напие убаво македонско вино.

Што се однесува до скопскиот концерт на Теа пред македонската публика, таа не сакаше многу да открива, но само накратко изјави:

„Се она што го видовте на концертот во Белград, и продукциски и со бројот на луѓето, ќе биде исто дури и повеќе од тоа. За жал, на Ташмајден не успеав да го обезбедам Војаж со кој што ја имаме заедничката песна „Белерина”, но затоа пак, на концертот тука во Скопје тој доаѓа и заедно со македонската публика за прв пат јавно ќе ја изведеме оваа позната и веќе популарна песна. Ние навистина вредно работиме што се однесува до музичкиот дел со бендот, и што се однесува до кореографскиот дел со мојот кореограф, и со режисерот на концертот меѓудругото за се да биде онака како што Скопје и македонската публика тоа го заслужува”, додаде Таировиќ.

Интересно е што пејачката Теа Таировиќ на пресот во Скопје имаше со себе 10-на новинарски екипи од познати и звучни медиумски куќи во Србија, а кога разговаравме со дел од српските новинари тие ни споменаа дека целата организација за нивното организирано доаѓање во голем број е благодарение на пејачката Таировиќ. Тука се прашуваме дали ние македонските новинари некогаш ќе го доживееме тој третман некое познато македонско музичко име да не организира и да го следиме и известуваме за тоа што и како работи низ Балканот. Тоа за среќа или за жал досега го има организирано само Тоше Проески и после него никој друг.

На прес-конференцијата иритантно беше она што наместо македонските медиуми, српските имаа привилегија да бидат први и да земат изјави и интервјуа, како да тоа да не не можеле да го направат во Белград па мораа да дојдат во Скопје и да се тепаат кој да биде прв Ах, тоа пусто его.. А нервозната менаџерка на пејачката Теа (На која капа и симнуваме) за цело време ги замолчуваше останатите новинари и бараше потполна тишина како да не снимаа на микрофони, туку само атмосфера па ни мува да не пролета. Дури на момент нашата екипа, односно, новинарот од Музика24 беше силно стегнат за рака затоа што нешто прошепотил а не требало бидејќи се снимало. Но да не оставме впечаток на скандалозен медиум и народ, само се прашуваме каков третман ќе имавме доколку бевме таму некаде во Белград?

И музичкиот портал Музика24 направи интервју со познатата и мега популарна пејачка на Балканот, Теа таировиќ, кое истото ќе можете да го прочитате предконцертно на 13-ти декември (среда), неколку дена пред одржување на големиот концертен спектакл.

И не заборавајте, 16-ти декември, арена „Јане Сандански”, голем музички спектакл – концерт на Теа Таировиќ.

Можеби ќе ве интересира: