Поради преголемата заинтересираност за концертот на нашиот познат шоумен, пејач, водител… Игор Џамбазов кој што ќе се одржи утре во арената “Борис Трајковски”, веќе од вчера организаторите пуштија дополнителни билети за истиот кои се во ограничен број и истите се за седење за М-Партер блоковите. Овие дополнителни билети можете да ги набавите во “Југотон” (ГТЦ) и на билетарата на “Борис Трајковски” каде што можете да ги замените вашите он-лајн билети со реални билети денес и утре од 12 часот до 20 часот.
Одржувањето на концертот на Игор Џамбазов е по повод неговот 50-ти роденден, 40 години успешна телевизиска кариера, 30 години од првата професионална улоги и 20 години од неговиот прв албум и соработка со Гуру Харе. Побрзајте бидејќи билетите се во ограничен број, а концертот започнува во 21 часот.
Подготви: Марија Поповска
