Во прв ред

“Сингл Лејдис” за прв пат пред македонската публика

Во недела 17-ти август во клубот Привилеџ со почеток точно на полноќ, македонската публика ќе добие можност за прв пат да ги чуе и види девојките кои станаа атракција на балканот. “Сингл Лејдис”, кои станаа познати по нивните вокални изведби на хитовите на Бијонсе, имаат настапувано во сите балкански земји, овојпат ќе и се претстават на македонската публика, благодарение на Шур Шотс Ентертаинмент.

“Овојпат решивме да и понудиме нешто поразлично на македонската публика. Девојките кои го забавуваат целиот балкан со својата уникатност, препознатливи по тоа што се единствениот светски “Beyonce Тribute” бенд, во кој пеат само девојки. Се работи за бенд составен од седум инзвонредни музичари кои во живо ги изведуваат песните на најпопуларната RNB пејачка во светот. Покрај големите хитови како “Crazy in Love”, “Single Ladies”, “Hallo”, бендот ќе ги изведува и хитовите “Listen”, “Drunk in Love” и “Love on top”, песни кои се пеат во ист тоналитет, како што тоа го прави и самата Beyonce”, изјавија од Шур Шотс Ентертаинмент, продукцијата задолжена за овој настан. Публиката ќе ја загрее нашиот Дј Панчо ака Шорти П, кој најавува одлична забава до раните утрински часови.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: