Во прв ред

Балканската жива легенда Здравко Чолиќ доаѓа во Скопје

Како што дознаваме, познатиот балкански пејач, живата легенда која што сеуште жари и пали низ бившите ЈУ простори, Здравко Чолиќ тргнува на голема турнеја низ Балканот. И ние од Македонија ќе бидеме почестени од неговото присуство, бидејќи тој својата голема балканска турнеја ја започнува токму од кај нас, од Скопје.

Тој свој концерт ќе одржи на 31-ви мај во спортската арена “Борис Трајковски”, каде ќе ги отпее своите најголеми и најпознати хитови, но секако, ќе направи и промоција на неговиот 14-ти по ред албум “Ватра и барут”. Да напоменеме дека новиот проект тој го работеше заедно со веќе надалеку докажаните и познати во својата работа, Марина Туцаковиќ, Момчило Бајагиќ – Бајага и Маја Сар. За аранжманот и продукцијата биле задолжени Никша Братош и Воја Аралиц, додека како гости се појавуваат Горан Бреговиќ и нашиот легендарен Влатко Стефановски.

Подготви: Ана Трајковска

Можеби ќе ве интересира: