Во прв ред

Жељко Јоксимовиќ со новогодишен концерт во Скопје

Популарниот српски музичар Жељко Јоксимовиќ повторно се враќа со претпразничен концерт во Скопје, а дружбата е закажана за 23 декември во МОБ. Освен старите хитови, пејачот ќе се престави и со нови рефрени, вклучувајќи го и штотуку објавениот сингл “Мењај песму”, по кој е и насловен претстојниот концерт.

“Немав време да ја променам цела плоча, затоа ја променив песната и тоа е доволно. “Мењај песму” е нешто најубаво што сум го ископомпонирал во последниве неколку години. Нема повеќе ваква музика, но ќе ја има на моите претстојни концерти”, рече Јоксимовиќ во најавата за серијата настапи што ќе ги има наредниов период, меѓу кои големиот концерт во Белград на 3 декември.Музичарот во ноември минатата година ја наполна арената „Борис Трајковски“, а во 2016 одржа и три последователни концерти во МНТ, во чии рамки под насловот “Два света” пееше џез и свинг-преработки на негови и песни од колеги од поранешна Југославија.

Влезниците за новогодишниот концерт во Скопје, кој го организира продукцијата “Прагма”, се веќе пуштени во продажба преку мрежата на “Купи карти за се”.

Можеби ќе ве интересира: