Во прв ред

Жељко Самарџиќ: Мојата сопруга се увери колкава е љубовта во Македонија кон мене и обратно (Фото+Видео)

Неодамна нашите пријатели и најнови соработници од естрадниот магазин “Backstage” беа дел и лично го следеа најновиот музички фестивал кој се одржа во Дојран насловен како “Мандра фестивал”. На ова прво издание на фестивалот настапија голем број на познати македонски, но и балакнски музички изведувачи, музички имиња кои го “разбудија” Дојран во ова време кога сите знаеме дека Охрид и околните места нудат многу концерти, настани и музички случувања.

Еден од гостите кој што настапи на сцената на “Мандра фестивал” беше и балкански познатиот пејач Жељко Самарџиќ. Тој настапи на втората фестивалска вечер. Во ексклузивно интервју за естрадниот магазин “Backstage” Жељко Самарџиќ ќе изјави:

“Јас сум навистина презадоволен од градот, особено од луѓето кои се домаќини тука. На секој чекор има само пофалби. Со себе ја земав и мојата сопруга која навистина е воодушевена. Сакав да и кажам и покажам колкава е мојата љубов за Македонија и обратно. Секогаш со задововолство ќе доаѓам тука. Утрово се сретнав со Петар Грашо и тој го дели истото мислење со мене”, изјави пејачот Самарџиќ.

А што тој уште кажа и изјави пред камерата на “Backstage”, погледнете го подготвениот прилог во продолжение:

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: