World Music

Тејлор Свифт со поддршка за жртвите на пожарите во Калифорнија

Тејлор Свифт ги повика своите милиони обожаватели да се вклучат во помош за жртвите од разорните шумски пожари што ги погодија заедниците во округот Лос Анџелес. Со срцепарателна порака споделена на Инстаграм, Свифт изрази длабока тага за семејствата кои изгубија сè во пожарите кои веќе повеќе од една недела ја пустошат областа. Во огнената стихија животот го загубија 25 луѓе, а над 80.000 сè уште се соочуваат со неизвесност под наредба за евакуација.

„Скршена сум гледајќи како овие пожари уништуваат толку многу животи и домови“, изјави Свифт. „Во овој тежок период, важно е да се обединиме и да им помогнеме на оние кои изгубиле сè. Постојат неверојатни организации кои работат неуморно за да ја обезбедат неопходната поддршка за заедниците погодени од катастрофата“.

Во знак на солидарност и поддршка, бројни музички ѕвезди се здружуваат за добротворен концерт кој ќе се одржи на 30 јануари. Меѓу учесниците се најавени големи имиња како Стинг, Били Ајлиш, „Ред хот чили пеперс“, Лејди Гага, Пинк, Род Стјуарт, Гвен Стефани, „Грин деј“, Кејти Пери, Стиви Никс и други. Настанот ќе се одржи на две локации во Калифорнија и ќе се пренесува на повеќе дигитални платформи, со цел да се соберат средства за помош на погодените семејства.

Можеби ќе ве интересира: