24 Ексклузивно

Ексклузивно: Алекса Перовиќ кон крајот на август ќе ја промовира својата прва песна (Фото)

По навистина големиот успех на “Хајде мала” на младиот Стефан Коковиќ, познатиот српски новинар и менаџер Милан Поповиќ заедно со Душан Шејн Мандиќ и Марко Дражњак се во завршна фаза на првата и нова песна за уште едно момче од тимот на Емина Јаховиќ за време на одржувањето на најгледаното тв шоу на балканот “X Factor”. Душан, Милан и Марко ја напишаа, подготвија и снимија првата песна за момчето со најубава насмевка Алекса Перовиќ, како често што велеше и самата негова менторка Емина, а насловот на истата “Нечу да се заљубим”, која после сите подготовки би требало да биде промовирана кон крајот на овој месец.

“Алекса е прекрасно и многу талентирано момче. За него подготвивме многу убава песна за која што луѓето од светот на музиката велат дека ќе ја надмине “Хајде мала”, ексклузивно за специјализираниот македонски музички портал Музика24 изјави Милан.

Aleksa_status fbЗа снимањето на неговата нова песна и излегувањето на истата, Алекса се пофали и на својот Facebook профил. А ексклузивно, од неговите нови соработници Музика24 ќе ги добие првите 30 секунди од песната која наскоро ќе Ви ја претставиме и први во Македонија, како и секогаш досега, ќе имате можност да ја преслушате и дадете свој коментар.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: