Балканленд

Лепа Брена преживеа голема сообраќајна несреќа

Повредите и се тешки, искршени и се двете раце, Брена е итно хоспитализирана и е на операција во специјалната болница во Ловран, известува нејзиниот портпарол. Тој за медиумите изјави:

“Должност ми е да Ве известам дека Лепа Брена утрово доживеа сообраќајна несреќа. Патувајќи за Макарска, Брена имаше несреќа. Повредени се тешки, двете раце и се скршени, а таа итно е хоспитализирана и во тек е операција во специјалната болница во Ловран”, изјави денес пред новинарите нејзиниот портпарол Ведран Струкар. Познатата балканска фолк пејачка во Макарска викеднов имала закажан настап во дискотеката “Петар Пан”. Двата настапи (петок и сабота) кои се веќе распредадени, се веднаш одложени како и сите останати нејзини активности до нејзиното закрепнување.

Подготви: Магдалена Атансовска

Можеби ќе ве интересира: